Тргнав да направам сахер торта, ама ја изменив и направив нешто сосем трето. Бидејќи не ми е интересно една иста торта да ја правам неколку пати, сакам да испробам нешто ново.

* Варете го млекото со прашакот за чоколадно млеко, додека не се згусне.
* Изматете ги пенасто белките со прстофат сол.
* Изматете го маргаринот со шеќерот, постепено додавајќи ги жолчките. Додадете го чоколадното млеко, изматете. Додадете ги белките, измешајте со лажица. Потоа брашното заедно со пецивото и какаото. Промешајте со лажица.
* Ставете ја смесата во калап за торти, печете 50тина минути на 180 степени.
* Изматете го крем пудингот со млекото.
* Свртете го наопаку пандишпанот, исечето го на два дела. Ставете го првиот, па крем пудингот, па вториот дел. Намачкајте одозгора со мармалад. Ставете го во фрижидер.
* Ставете ги ресаните во сецко, а потоа растопете ги на оган со млекото и какаото.
* Прелијте ја тортата.

Забелешка - јас во моментот немав чоколадо за готвење, па затоа ги искористив ресаните. Снаџи се, па живи. Вие за да ја скратите постапката, можете само со чоколадо да ја прелиете. Или пак наместо во пандишпанот да ставите чоколадно млеко, ставете 200-250 гр. чоколадо. Меѓутоа чоколадното млеко му дава некоја многу убава мекост на пандишпанот. На здравје. =)

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови