Маргаринот со чоколадото се топат на пареа. Откако малку ќе се изладат се додава 1 шола кафеав шеќер, 2 лажици млеко, оревите и брашното. На крај се додаваат јајцата наеднаш и се меша со лажица убаво додека не се добие убава чоколадна смеса.
Се истура смесата во калап бр.24 обложен со мрсна хартија и одоздола и по страните. Се поклопува со алуминиумска фолија. Се става да се печи во загреана рерна на 170 степени 40мин. Потоа се остава да се излади потполно неколку саати за да може убаво да се сечи, бидејки тестото дури е топло е премногу меко.
Се декорира со какао или шлаг. Колачот е прекрасен, се топи во уста, за љубителите на чоколадото е вистинска фантазија.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови