Во тенџере ставете ја водата и коцките за супа и ставете ги на оган да зовријат. Потоа постепено додавајте ја палентата и мешајте додека се згусти.
Истурете ја во подмачкано со масло плехче (20 х 35) и израмнете ја. Оставете ја целосно да олади.
Откако ќе олади по должина на плехот исечете ја на пола, а потоа сечите парчина по ширината по 1-1,5 цм.
Наредете ги по малку одалечени во плех обложен со хартија и попрскајте ги со масло. Ставете ги да се печат во претходно загреана рерна на 200 степени околу 15 минути.
Печени извадете ги на чинија за сервирање и посипете ги со рузмарин.
Послужете ги топли како прилог на месо или предјадење.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани