Состојките за овој сендвич се всушност состојките за познатата Цезар салата. Ако ви се допаѓа салатата (како на мене) сигурно ќе ви се допадне и сендвичот.

Подготовката оди вака

1. Пилешкото месо се мачка со малку масло, се зачинува со зачини по вкус и се остава половина час да се маринира. Потоа се пече во грил тава додека не е убаво испечено.

2. Сланината се пржи во грил тавата додека не стане крцкава. Кога е испржена се вади на хартиена салфетка за да се исцеди маснотијата (јас ги пржев во исто време со месото).

3. Потоа во истата тава се потпекува лепчето за сендвичот, пресечено на половина. Кога е готово се премачкува со половинка од лукчето (другата половинка е за сосот).

4. Сосот се прави на тој начин што се мешаат сите состојки и се додава другата половинка рендано лукче. Ако некоја од состојките од сосот не ви се допаѓа слободно изоставете ја или додадете друга по вкус.

5. На крај се прави сендвичот - лепче, сос, рукола, сланина, сецкано пилешко месо, пармезан, сос и другата половина од лепчето.

6. Сендвичот е готов....сега уште треба да се најде еден јунак да го прегризе

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови