Фритатата ја сакам и за доручек и за ручек и за вечера. Особено ако се прави со домашни, селски и свежи јајца, таа има уникатен, домашен вкус.

Во тавче ставете малку зејтин. Ставете ги да се пропржат пиперките и кромидот. Јајцата зачинете ги со сол и бибер и изматете ги лесно со вилушка. Кога ќе омекне зеленчукот ставете ги јајцата и оставете ги неколку секунди да се стегнат. Со дрвена лажица буткајте ги страните од фритатата да се се испечат јајцата убаво. Од горе, ставете го сирењето, исечкано на коцки. Кога ќе биде 70% испечено, на среден оган, покријте ја фритатата со капак и оставете да се готви дополнителни 3-4 минути, додека да бидат стегнати јајцата. Сервирајте топло со маслинки и лепче.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани