Овој начин на спремање на палента е карактеристичен за северна Италија, каде што палентата се користи многу повеќе во јадењето во споредба со тестенините.

1. Палентата ја приготвувате на вообичаен начин. Водата зоврива, се посолува, се додава палентата и се вари на тивок оган, кратко време додека не се згусне.
2. За приготвување на сосот од сирење, најпрво се загрева путерот. Потоа се додава млекото и ренданото сирење (кај мене гројер) и се меша на тивок оган додека не се растопи. На крај се додаваат жолчките и се меша додека сосот не се згусне. Се додава бел бибер и сол по вкус.
3. Палентата се сипува во чинија, се прави вдлабнатина во средината и се полни со сосот од сирење.
Се служи со зеленчук по ваш избор (кај нас со салата од рукола и зеленчук приготвен на грил тава - тиквички, печурки, црвена пиперка и кромид).
На здравје

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови