Морам да кажам дека овај рецепт прв пат го пробав кај една моја пријателка турчинка и морав и јас да си направам дома и тоа одма, хехех
Го ставаме наутот од вечер потопен во вода и така оставаме да стои до другиот ден. Откако ќе омекне, го мелеме, јас користев машинче за мелење ореви. Потоа во смесата ги додаваме, солта, дел од лукот сецкан, магдонос сецкан, мешан сув зачин и се мешаме заедно, па потоа правиме кофтиња и ги пржиме во загреано масло.
Откако ќе се испржат ги ставаме на салфетка да се исцеди маслото од нив.

Во меѓувреме го правиме преливот, односно во павлаката го додаваме мајонезот, сецкани киселите краставички, пак сецкан лук и магдонос.
Морам да кажам дека количината на лук и магдонос зависи и од вкусот, па се мешаме заедно.

Земаме една тортиља, ставаме еден лист зелена салата, па ставаме од преливот и на крај по две кофтиња и ги виткаме така тортиљите ( јас користев готови тортиљи )
сервираме во чинија и јадеме , хехех

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови