Рецептот е дел од колекцијата на најдобри 1000 рецепти од 150 годишната архива на Њу Јорк Тајмс.
Исклучиво е лесно да се направи, а посебна предност е што тестото се прави одвечер, а наутро е подготвено за печење.
Мој предлог што да послужите на вашето семејство за Велигденски доручек.
Во еден поголем сад измешајте ги со жица сувите состојки, додајте го млекото и мешајте со жица додека не стане сосема мазно.
Покријте со проѕирна фолија, оставете 1 - 2 часа на собна температура, а потоа тестото оставете го во фрижидер преку ноќ.
Утрото, додајте го во тестото разматеното јајце, измешајте, па додајте го и растопениот путер. Ќе добиете прилично ретко тесто.
Загрејте ја вафлерицата. Премачкајте ја површината со малку путер, па испечете ги вафлите додека не добијат крцкава површина и убава златна боја.
Сервирајте ги топли, со путер, мед, мармалад, компот, посипани со шеќер во прав или веке по ваша желба.
Од овие состојки, мене ми испаднаа 12 вафли.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови