Упси се протеински лепчиња со јајца и сирење. За тие што се на протеински диети се одлична замена за леб. Можете со нив да правите сендвичи и навистина заситуваат. Мене ептен ми се допаднаа,па често ќе си ги правам.
Јајцата, крем сирењето треба да се на собна температура. Се делат белките од жолчките. Белките се матат со миксер со малку сол додека не се добие убава цврста смеса. Жолчките се матат со крем сирењето и постепено мешајки со дрвена лажица се додаваат белките и пецивото. На плех со мрсна хартија со лажица се става од смесата (од оваа доза излегуваат околу 6 лепчиња). Се печат во загреана рерна на 150 степени околу 20 мин. Не се отвара рерната додека се печат.
Инаку името УПСИ го добиле по тоа што одамна некоја домаќинка правела лепчиња со јајца,сирење и брашно, НО заборавила да стави брашно и така настанале УПСИ-те (Упсссс )

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови