Многу едноставни за спремање, а многу вкусни мафини.
Јас ги обожавам
Прво во вангличка се става маргаринот и се мати 2 минути.
Се додаваат јацето и шеќерот и се мати колку да се соединат.
Се додава млекото, брашното и пецивото и на крај сецканото суво овошје.
Убаво сето се промешува со лажица.
Се става од смесата во калапи за мафини( излегуваат 12 парчиња) и се печат околу 30 минути на 180 степени.
По желба се наросуваат со шеќер во прав.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови