Квасецот се става да надојде во затоплената кисела вода. Од како ќе надојде се замесува тесто со двата вида брашно. Во брашното се меша и меленото ленено семе, сол и шеќерот. Се меси и постепено се додава зејтинот да се добие средно меко тесто.
Се остава да се одмори околу 40 минути додека стаса.
На набрашнета маса се сука кора која се премачкува со маргарин. Сирењето се меша со павлаката и се распоредува над кората. Кората се посипува со мак, лененото семе и сончоглед, па се витка ролат.
Ролатот се сече на тригони кои се редат во подмачкан плех и се оставаат да стасаат. Одкако ќе стасаат се премачкуваат со разматено јајце и се печат околу 35 минути на 200 степени.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани