Најпрво пред да започнете со подготовката морате да ги излупете бадемите.
Ќе ги ставте неколку минути да вријат во врела вода, потоа извадете ги и одставете да изладат. Тогаш многу лесно ќе се лупат. Откако ќе ги излупете оставете ги да потсушат малку за да можете лесно да ги измелете. Измелете ги на ситно.
Во сад на пареа растопете го чоколадото и оставете го настрана.
Во друг сад на пареа матете ги со миксер јајцето, шеќерот и шеќерот во прав. Матете со миксерот се додека смесата не стане пенеста, отприлика 3 до 4 минути.
Тргнете го садот од оганот и смесата соединате ја со растопеното чоколадо.
Додајте ги и мелените бадеми и размешајте .
Работната маса наросете ја со шеќер во прав и префрлете ја смесата, месете ја смесата брзо додека е топла, се додека не стане компектна и светкава.
Од марципанот формирајте топчиња и декорирајте ги со шеќерни цветчиња или цели бадеми а може и со кандирано овошје.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани