Знам дека има многу рецепти за Тирамису, но нека има и од мене еден рецепт за овој тип прекрасен колач

За овааТирамису сластица користам модла 18х28 - точно ги собира пишкотите.
Припрема
- Најпрво го спремам преливот за натопување. Ставете водата да проврие, полијте ја врз инстант кафето и мешајте да се сите зрна стопат. Додадете го млекото во него и румот или ликерот кој вие го одбравте. Оставете настрана.
Крем
- Одвојте ги жолчките и белките. Изметете ги белките во снег, додајте 6 лажици шеќер и сматете во цврст снег, односно додека не се стопи шеќерот.
- Жолчките изматете ги со 6 лажици шеќер исто така и нив добро изматете ги. Сега додајте во нив Маскарпонето, продолжите да матите додека се спојат. По ова додадете го и снегот од белките. Со миксерот на најмалата брзина или со шпатула фино измешајте да сега сите три состојки се спојат и добиете фина густа крема.
Во модлата во која ќе го спремате ова Тирамису ставете на дното малку од кремата и намачкајте го целото дно. Натопете ја секоја бискота лесно само провлекувајки низ преливот и редете по дното. Откако наредете - намачкајте со фил, пак од бискотите и пак фил. Одозгора посипете со какао или чоколада во прав.
Најдобро е да одстои во фрижидер 24 часа за да потоа полесно ви се сече и вадите убави парчиња, а доколку ви се брза тогаш во целата крема можете да додадете 1 желатин спреман и отопен на пареа спрема упатството, потоа додадете го во кремата постојано мечајки со миксерот. Нека одстои само неколку часа и колачот е готов за служење.
Бидејки за посипување користам чоколадо во прав кое е баш слаткичко. Количината на шеќерот ја намалувам и ставам по 6 лажици, а ако некој баш сака да е благичко тогаш по оригинал рецептот односно по 8 лажици шекер.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани