Обожавам тикварник и единствената дома сум што го јаде, па цел сама си го јадам. Мајка ми го правеше на овој начин и од неа го наследив рецептот.
Тиквата се вари додека убаво не омекне. Се миксира и му се додаваат изматените јајца со млекото, маслото, шеќерот и ванилата. Се убаво се мати на крај се додава брашното. Се печи во загреана рерна на 220 степени додека не порумени. Испечениот тикварник се остава убаво да се излади пред да се сечи.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови