Водата и млекото се налеваат во тенџере со дупло дно и се ставаат на оган да зовријат. Се додава и маслото.
Штом зоврие се додава претходно исчистениот и измиениот ориз. Се намалува јачината на ринглата на умерено кон слабо и со повремени промешувања се продолжува со варење. Внимаваме, бидејќи лесно загорува оризот.
При самиот крај се додава шеќерот и се вари додека тој убаво се стопи и сутлијашот ја добие потребната густината, но внимаваме да не биде многу густо. Со самото ладење се задебелува сутлијашот.
Се додава ванилата, кората од портокал.
Кога е готов, се трга од оган и се додава сувото грозје кое претходно е полеано со врела вода, добро исцедено, па накиснато во сокот од портокалот.
Се излева во соодветни садови и наросува со канела.
Јас го сервив во издлабени портокали.
На здравје!
п.с.Зависно од вкусот, може да се изостави сокот од портокал, тогаш како што напоменав одат 15 лажици шеќер.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани