Подготовка
1. На почеток ситно го сецкаме кромидот на тивок огин го пропржуваме. Од како кромидот е испржен го додаваме месото и пржиме петнаесетина минути на тивок огин. На крај ставаме мешан зачин, сол, бибер и лажица црвен пипер. Смесата со мелено месо ни е подготвена и ја оставаме на страна да се излади.
2. Брашното со квасецот, солта, шеќерта и зејтинот го замесуваме со топла вода. Од тестото формираме неколку топки, големината и бројот на топчињата тесто зависат од површината на која ќе ги сукате. Јас сукам на работна маса и затоа ми излегуваат десет помали топчиња кои се доволни за еден плех од шпорет банички.
Топчињата ги сукаме попрскуваме со неколку лажици зејтин ставаме од филот и ги преклопуваме за да допиеме правоаголна форма која ја гужваме. Вака подготвените банички ги ставаме во плех. Печеме на 200степени убаво да заруменат.
3. Од како баничките ќе се испечат попарете ги со врелата вода и зејтинот и повторно вратете ги во релната да ја впијат течноста.
Забелешка
Можете полнењето на корите да ги комбинирате и со сирење, урда, спанаќ.....
Во додатните слики ќе забележите дека половина се со сирење
Да не заборавам од како ќе се извадат од релна покрите ги со крпа. Добар апетит!!!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани