Во малку млако млеко ставете го квасецот со лажица шеќер и брашно промешајте,оставете да го дуплира својот волумен.
Ставете ги сите течни состојки заедно со квасецот и полека додавајќи брашно замесете средно меко тесто .Тестото оставете го да стаса околу еден час,откако ќе стаса поделете го на два идентични дела.Секој дел расукајте го во правоаголна форма,првиот дел премачкајте го со ајвар,сецканиот с.врат и дробеното сирење.Вториот ролат премачкајте го со кечап,пилешката шунка и дробеното сирење,наросете оригано.Од двете теста формирајте ролати кои ќе ги сечете на растојание од два сантиметри,ролатот со ајвар редете го на краевите од премачканиот калап срце,на средина наредете ги ролатите со кечап.Погачата премачкајте ја со жолчка измешана со малку масло и наросете малку сусам.
Печете на 200 степени половина час додека не добие убава боја.
Добар апетит!!!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани