Најпрво се прави кремот. Се вари млекото и се додаваат сите други состојки претходно измешани. Се вари како пудинг. Се остава настрана да се олади.
Се припрема тестото. Се бијат јајцата заедно со шеќерот. Се додаваат сите други состојки мешајки со дрвена лажица.
Се става во округол плех бр.26 целото тесто и врз него се става половина од филот во круг-спирала. Се печи во загреана рерна на 180С -15мин.Потоа се вади тавата и се додава преостанатиот фил пак како спирала во круг и се остава да се допечи уште 25мин. Се лади и сервира!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани