Сочен колач со овошен вкус, со преубави бои за љубителите на праски и боровинки.
Ги матиме убаво путерот, јајцата, шеќерот и ванилата додека убаво не се запенат. Потоа ја додаваме киселата павлака, матиме повторно, па на крај брашното со пецивото.
Праските се сечат на парчиња.
Смесата се става во тркалезен калап бр 24. одозгора се редат парчињата праски (2 праски) и пола од боровинките. Над нив се наросува шеќер.
Се печи во загреана рерна на 170 степени. По 25мин печење се вади од рерна се редат остатокот од праските и боровинките, па повторно малку шеќер над нив и се враќа во рерна уште 20 тина минути.
Испечениот колач се остава да се излади половина час, па се наросува шеќер во прав.
Најубав е наредниот ден.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови