Сите состојки убаво се мешаат со миксер и на крај се додаваат чајната, сирењето, шунката, морковот и корнишоните. Смесата се истура во намрсен калап за куглоф и се печи на 180 степени околу 30 мин. Кога ќе се испечи се превртува куглофот и декорирајте по желба.
За декорација јас употребив мешана салата од павлака, сусам и корнишони, количините произволно, од ракав што би рекла јас.
Куглофот исто така е вкусен ако наместо обично бело брашно ставите половина количина бело и половина пченкарно брашно.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови