Ги двоиме белките од жолчките. Започнуваме со матење на белките со солта во снег. Потоа додаваме две жолчки, една по една. Кога убаво ќе се изматат се додава две лажици врела вода, една по една. Ова се повторува и со останатите жолчки и вода. На крај се додава брашното и пецивото. Се излева на малку намрсена хартија во плех. Се печи во загреана рерна на 180 степени додека порумени, некои 15-20 мин., зависно од рерната. После печење се остава да излади, па со остар тркалезен калап се вадат кругчиња, кој треба да бидат парен број, бидејќи ќе се спојуваат по две.
За филот го соединуваме убаво топеното сирење со сецканата шунка. Со филот ги лепиме по две тркалезни пандишпанчиња.
За премачкување ги соединуваме павлаката и мајонезот. Ги премачкуваме од трите страни.
Ги ставаме на вилушка и со помош на нож (со ножот земаме од ренданото сирење) странично ги обложуваме со ситно ренданото сирење.
На сува тава ги пропржуваме сусамот и ленот. Одкако ќе изладат семињата одозгора руските капи ги наросуваме.
На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор-Сподели под исти услови