Благодарејќи на берлинските испаднаа овие солени крофни. Значи се замесуваат состојките во меко тесто, претходно квасецот растопен во млако млеко, и се додава 1/2 лажичка шеќер и 1 лажичка сол. Се остава тестото да нарасне. Потоа се развлекуваат кори нешто потенки од 1 см, па на едната половина од кората се прават само отисоци со калап и во нивната средина се ставаа по една виршличка и маслинка (може и сиренце). Потоа кората се поклопува (како да диплите чаршав на половина) и таму каде што е подигнато се отсекуваат кругчиња. Се оставаат пак да нараснат и се пржат во врело масло.
Со шприц се врбризгува по малку павлака. И тоа е тоа.
Инаку тестото е неутрално па може да се направат и благи крофни.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови