Супер брза ужинка е ова, добредојдена за на плажа или за на излет. Можете да си ја подготвите уште од вечер и така е уште поубава. Подготовката е брза и многу едноставна.

На парчињата тост леб отстранете им ги краевите. Наредете ги во два реда по 3 лепчиња. Во друг сад на страна со виљушка изгмечете ги варените жолчки и соединете ги со крем сирењето (или кајмак). Со сукалка поминете го тост лебот ( колку да се состават за полесно да можете да свиткате ролат). Врз лепчињата рамномерно насете од филот со крем сирење и жолчки. На почетокот наредете ги маслинките и полека свиткајте ролат. За сето тоа да ви е полесно мој совет е под расуканите лепчиња да ставите најлонска фолија и со нејзина помош свиткајте го ролатот. Ако немате фолија може и расечен најлон. Оставете го во фрижидер (може и преку вечер) и кога е убаво изладено сечете ролатчиња со дебелина од 1 см.

На здравје

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови