Брашното, солта, шеќерот и маслото се ставаат во подлабок сад и се замесува со вода. Се додаваат и останатите состојки и убаво се соединуваат. Тестото треба да биде помеко како за мекици. Се истура во намрсено и посипано со брашно тавче. Одозгора се посипува со сусам и се остава да стаса во тавчето. Се пече на 200 степени додека зарумени.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови