Се замесува тесто од сите состојки и се остава да стаса.
Откако ќе надојде се размесува на набрашнета маса и се делат на повеќе топчиња. Јас одвоив 8 топчиња со иста големина и усукав 8 корички. Стандардно ги попрскав со масло и попрскав урда . Урдата ставете ја по вкус. Нема мерка за урдата. Јас ставив 300 гр.
Ролајте ги и редете во намастен плех. Јас ги свиткав како полжав низ цела тепсија. Оставете да стаса околу 30 минути. Така убаво стасано печете во претходно загреана рерна. Печев на дрва, а тоа дополнително му дава убав вкус на суканкото. Кога е зарумено извадете го од рерна и премачкајте го растопен путер
Оставете да излади па почастете си ја душата со оваа прекрасна баница. На здравје

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови