Традиционално црногоско јадење, кое е многу хранливо, вкусно и едноставно, но и доста калорично.
Компирите се лупат и се ставаат во посолена вода да се варат. Треба да има повеке вода отколку кога обично ги вариме. Кога е варен компирот и при боцкање се распага, се одлива дел од водата и се става брашното, на средината се прави дупка колку да може да излива водата и да прелива преку брашното, се остава да се вари уште 20 минути. Качамакот се стиска со алатка за правење пире, а потоа се мати со миксер убаво да нема грутки. Ако е густо се додава од водата во која се вареа компирите.
Во друг сад се растопува сирењето се додава и кајмакот и на таа смеса се додава компирот и брашното и се меша додека се соедини. Ако се одлучите за младо сирење тоа нема во целост да се растопи туку ќе се влече како мастика додека го јадете. На крај топлиот качамак се служи со парче сирење и јогурт или кисело млеко.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови