Физалисот кај нас е занемарен, се одгледува многу ретко, претежно од неговите љубители, а верувале или не - си заслужува многу поголемо внимание. Плодовите се со силен, необичен, многу пријатен мирис. Вкусот им е исто така многу пријатен. Се консумира свежо како десертен плод. Од него се спрема високоценетото слатко и желеа (содржи висок процент на пектин), може да се спрема и компот самостоен или мешавина со други плодови, многу добро се комбинира во овошни салати, сладоледи, сирупи, ликери и т.н. Некаде прочитав и дека плодот бил голем антиоксидант, уништува во организмот паразити, прпорачан при болести на грлото... Но, еве припремата за слаткото која е едноставна.

  Во сад се става ред од плодот на физалисот, ред шеќер, ставате на умерен оган да се вари како секое обично слатко. Не смеете да го преварите бидејки самиот плод содржи висок процен на пектин - спротивно ќе ви желира.
Со лажица проверете - Слаткото е готово кога шербетот паѓа капка по капка.
Бидејки веке напомнав дека има силен мирис и вкус, никакви додатоци не му се потребни, освен доколку се плашите дека сте го превариле да додате сосема малку лимонтус.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови