Двете кесички шлаг крем се матат со млекото. Во посебен сад се мати павлаката со шеќерот. Се мешаат двете смеси, се кршат бисквитите и се сечкаат бананите и се додаваат во садот. Убаво се меша и се остава во фрижидер, најдобро преку ноќ, така е најубава.
Слободно може да одберете шлаг крем по вкус, јас ја направив со вкус на ванила. Исто така, наместо банани, може да се проба и со крем бананки и така е одлична.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани