Не дека не знае некој да прави сарма, ама еве нека ја има и мојата сарма, можеби ќе ги заинтересира младите домаќинки.

Најпрво зелката се чисти од надворешните листови, се вади кочанот и се става во тенџере со вода да се обари.
Се вадат листовите, а срцевината се сецка ситно и со неа се обложува тенџерето каде ќе се вари сармата.
Во сад на оган се става врз маслото сецканиот праз да се пропржи, па се додава сланинката.
Заедно се пржат 2-3 минути.
Се трга од оган , па се додаваат месото, измиениот ориз, зачините и убаво сето се меси со рака.Значи месото е живо.
На тајнирче се става лист обарена зелка се става по 1 лажица од месото, се завиткува сарма и се редат во тенџере.
Најгоре наредените сарми се покриваат со 1-2 листа зелка.
На страна во сад на оган се става вода по потреба( колку да ги покрие сармите) и тука се раствора лимонтусот.
Се истура зовриената вода врз сармите и крчкаат на тивко оклу 2-3 часа, за да останат само на мрсното.
Многу вкусна, растресита, киселка сарма.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани