Црните патлиџани се мијат убаво и се сечат на тркала со дебелина од 5 мм. На грил тава се пржат со малку масло и се оставаат да се изладат. Розевите домати се лупат и се блендираат. На малку масло се пржат блендираните домати додека се згусне 10 минути најмногу, се додава сецкано лукче, сенфот и маслинките сецкани на тркалца, се додава шеќерот, се посолува и се трга од оган. Се меша убаво и се додава сецкан магдонос и босилок. Во подлабок сад се става малку од сосот па ред црни патлиџани, повторно сос и се така додека се потроши.
На здравје !!!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови