Морковот исецкајте го на коцки и заедно со макароните ставете ги да се варат во посолена зовриена вода. Варете ги по упатството на пакувањето. 5 минути при крајот додајте го и грашокот и тој да се свари.
Потоа исцедете ги, исплакнете ги со ладна вода и оставете ги да оладат.
Ставете ги во сад, додајте ја туната исцедена малку од маслото, останатиот зеленчук, посолете по вкус и додајте го мајонезот. Се убаво измешајте и спремна е за сервирање.
Мајонезот можете да си додадете и повеќе ако сакате покремаста салата. Јас не сакав да ми биде на мајонез и додадов само малку колку за вкус.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани