Јајцата се матат со шеќерот, а потоа се додаваат брашното и пецивото.
Урмите се сецкаат на поситни парчиња, оревите се сецкаат на покрупни парчиња, а сувото грозје се става цело.
Овошјето полека се истура во изматената смеса, благо се промешува и се пече колачот во калап по желба.
Овој колач е многу вкусен и поради спојот на состојките може да се сече на потенки парчиња.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално