Прво се мата белките и може да се додаде 1 лажица шеќер, да се добие цврст шам.
Сега се матат жолчките со шеќерот, да се растопи, па се додавата млекото, маслото, какото, брашното, пецивото.
Убаво се промешува и сето се соединува со изматените белки.
Лесно се промешува.
Смесата се истура во мала ростер тава и се печи 20 минути.
Се лади.
Во касерола се ставаат млекото, шеќерот, жолчката, пудингот и се вари до згуснување. Се лади.
Се мати путерот и се додава на изладениот крем.
Од овој фил се трга на страна 1/3 и му се додава растопеното чоколадо.
Сега цела кора се премачкува со жолтиот фил, повеќе во средината а помалку на краевите.
Во средината во форма на валјак се нанесува црниот фил.
Убаво се преклопува тестото, се притискаат кревите да се залепат и се формира солзата.
Се прекрива цел со изматена шлаг пена.
Се чува во фрижидер 1 час, па се сервира.
На здравје.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани