Многу декоративен, солен ролат со млечен намаз.

Прво листот обланда се става меѓу 2 влажни крпи да омекни.
Сега во вангличка се ставаат путерот и зденките и се соединуваат со миксер.
Се додава урдата и павлаката и убаво сето се соединува. Се зачинува по вкус.
Се додава исецканото варено и изладено бело месо (јас го работев во сецкото на делимано)
Убаво се промешува. Филот се дели на 2 дела.
Едниот е таков како што е, а во другиот се додава ситно исецкан варен морков.
На листот обланда се нанесува првиот фил и убаво со нож се премачкува цел лист обланда.
Сега врз овој намаз се ставаат просушените на чиста крпа, бланшираните листови блитва.
Нежно се притиска со раката да се залепат.
Врз бливатат се става намазот каде е додаден морковот.
Убаво се премачкува.
Почнуваме ситно да го виткаме ролатот.
Се става во алуминиумска фолија и оди во фрижидер 2-3 часа.
Потоа се вади фолијата и нека стои во фрижидер барем уште 3-4 часа , да се просуши обландата, како лесно би се сечела и не би била тегава во консумирањето.
Потоа се сече на парчиња и се сервира.

Овој ролат беше на трпезата за матурската вечер на мојот помал син.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани