Измијте го месото и наредете го во огноотпорна тава за печење. Од сите страни зачинете го. Додадете вода, скоро колку да го покрие и одозгора попрскајте го со масло.

Кромидот исецкајте го на средни парчиња. Исецкајте го и магдоносот и печурките доколку се покрупни, а морковите изрендајте ги. Се измешано и посолено ставете врз месото.

Печете на 250С и кога кромидот ќе подомекни, отворете ја рерната и со дрвена лажица распоредете го убаво насекаде во тавата. Оставете да се допечи додека месото не добие убава темна боја.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани