1. Пандишпан
Најпрво се матат јајцата со шеќерот, се мати додека да се стопи шеќерот. Потоа се додаваат млекото и маслото, па се продолжува со матење. За крај се додаваат гризот, брашното и прашакот за пециво и добро се меша со дрвена лајца. Смесата се става на подмачкан плех бр. 28 и се пече од 15-20 мин на 200 степени. Откако ќе го извадиме пандишпанот одрерна го оставаме добро да се излади.

2. Шербет
Во тенџере на оган ставаме 400 мл вода, ванилин шеќер и 250 гр шеќер да зоврие. Откако ќе зоврие го тргаме на страна.
Изладената раванија ја сечеме на коцки и ја попаруваме со шербетот, за крај за декорација наросуваме кокосово брашно.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани