Најпрво изматете ги јајцата заедно со шеќерот и додадете ги маслото, брашното, гризот, ванилата и пецивото. Убаво изматете и потоа ставете ги оревите. Паниспањата ставете ја да се печи во намрсено тавче околу 30 минути на 190 степени.

Во меѓувреме сварете го шербетот. Прво ставете ја водата заедно со шеќерот да зовријат и потоа ставете го и млекото и оставете да вријат на тивок оган околу 10 минути. Паниспањата треба да е ладна, а шербетот млак кога ќе ја потурвате.

Ставете на секое парче сецкани ореви и ренданата кора од лимон.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови