Амарантот се става да се вари во 500 мл вода. Се вари околу 15 минути на тивок огин. Се додава чоколадното млеко и се остава да се вари уште 10 минути. Се додава медот, какаото, циметот и 1 лажица салеп се вари со повремено мешање додека смесата не згусне. Се сервира во комбинација со парчиња бадеми сецкани на парчиња.

П.С. За оние што не знаат АМАРАНТ е врста на житарица која потекнува од Азија и Америка. За нас е можеби нова и непозната, но во развиените земји се користи многу оддамна. Богата е со магнезиум, калциум и железо, витамин Б, дава многу енергија бидејќи е богата и со протеини, па може да замени и оброк со месо. Кај нас амарантот го има во продавниците за здрава, за органска храна и подобро снабдените супер маркети. Ви препорачувам ако го начекате да го пробате, за него постојат голем број на благи и солени рецепти, кои многу лесно ни се достапни на интернет. Па еве ви идеа да пробате нешто ново и да воведете нешто здраво во вашето мени. Поздрав !

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови