Пудинзите во прав кога ке се направат некако ми немаат вкус па затоа јас го дополнувам за да биде баш чоколаден и да биде вкусен.
1.Пудингот се вари според упатство во случајов 600 мл млеко се ставаат да зоврие во останатите 50 се меша пудингот со шеќерот.Кога ќе зоврие млекото се додава растворениот пудинг.Се остава да зоврие со постојано мешање да не загори.
2.Кога е готов се додава чоколадото и бисквитите и се меша за убаво да се соедини.
3.Се сипува во водени здели и спремен е за јадење (само малку да се олади )
Моето дете вака приготвен го обожава се надевам ке ви се допадне и на вас ))))

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови