Во пластичен сад изматете ги јајцата и додадете го маслото и јогуртот.

Во друг сад, брашното измешајте го со пченкарното брашно, прашокот за печиво и солта. Во смесата додадете ги изматените јајца и се мешајте се додека сè убаво не се соедини. Откако ќе се соедини, се додава сирењето (ситно издробено) и сецканата лобода и полека се промешува со виљушка.

Смесата се пече во калапи за проја или тава на која претходно сте ставиле хартија за печење (или сте премачкале со масло. По желба посипете со сусам и печете на 200 степени додека не зарумени, околу 25 минути.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани