Ова е рецепт на љубениот мој!
Тој ретко влегува во кујна, ама тоа малку што го готви е фантастично!
Од сите рецепти за проја, оваа е за мене најубавиот, па само по тој рецепт и ја правам пројата. Оригиналниот рецепт е со кулен, ама таква храна кај нас дома не е дозволена, па си правиме други варијанти од кои можеме сите да јадеме. Вие секако можете да ја пробате со кулен, супер е и со сланина но и со печурки претходно пропржани на путер. Јас еднаш ја направив и со чварки, ќе се потепавме кој изел повеќе! Најчесто ја правам со урда или со рендано сирење, но овојпат ја зазеленив малку...
Сите состојки за пројата измешајте ги заедно па потоа додадете го спанаќот. На крајот додавајте ја постепено урдата оти вам може да ви е многу количинат која јас ја употребив. Нам ни беше одлична, јас дури и повеќе би ставила наредниот пат.
Намрсете го калапот за леб, посипете го со семињата и потоа истурете ја смесата. Печете на 180 степени.
Изладената проја превртете ја на даска и исечете ја на парчиња.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови