Меки како душа.
Пирето во прав се става во тестото такво какво што е во паковањето, значи не се прави пире.
Во млакото млеко се стаават квасецот, шеќерот и малку брашно.
Нека се активира, па се замесува тесто понамеко со останатите состојки, се додавааат киселата вода , маслото, солта, пирето во прав, брашното.
Убаво се изработува, се покрива со чиста крпа и кисни 30 минути.
Потоа нежно се размесува и се дели на 20-25 топчиња.
Секое топче се расукува во мала долгнавеста коричка, се засекува на горната страна како на сликата и се формира потковица.
Се редат во плех се премачкуваат со изматено јајце и се печат на 200 степени околу 20 минути..

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани