Подготовка
- Во млаката вода додадете го зејтинот, шеќерот, солта, ванилата, ренданата кора од лимонот (може да додадете и малку рум заради арома) ставете го квасецот, разбркајте да се истиот раствори.
- Во садот во кој што ќе месите ставете го брашното, истурајте од веќе измешаната вода со сите состојки, замесете тестото. Оставете да нарасне. Премесете го и повторно оставете да нарасне.
- По второто нараснување, истурете го тестото на побрашнета работна површина, расукајте го во дебелина од 1 см. исечете форми на коцки, правоаголници. Големината на истите сами да си ја одредите, покријте со крпа и оставете ги околу 30 мин, повторно да нараснат. Откријте ги и дозволете да се формира една тенка коричка на површината. Тогаш веќе се спремни за пржење.
- Во касерола ставете зејтин и загрејте го, но не многу, нека е со умерена топлина. Кој има термометар нека мери и кога зејтинот ќе е со температура од 160 степени - доволно е. Значи ги пржиме во длабок зејтин. Ставаме од крофните така што ќе ги превртиме да горната страна дојде одоздола, покријте со капак и пржете најмногу до 1 мин, тргнете го капакот, ги превртуваме и се пржат откриени до саканата боја.
-Со решетка лажица вадете ги, ставајте ги на салфета за да се впие вишокот на зејтинот. При служењето посипете со прав шеќер.
Напомена
- И оние што по грешка не ги превртував да горната страна при пржењето биле одоздола - солидно се испржија.
- Се поклопуваат при пржењето откако се стават заради нивното нараснување, тогаш тие нараснуваат нагоре и се прави оној фамозен прстен околу нив.
- Не ставајте од 3-4 крофни повеќе за да не ви излади зејтинот.
- Кога ќе ги правите овие форми немате повеке работа со остатокот од тестото кога се сечат со чаша округлите, нека се малку и различни, не мора секогаш стандард - Округли крофни... . а јас пак да си скратам работа...е колку големи ги исеков,
- Ги пржам во палмино масло кое не се впива во тестото.
- Крофните се полупразни
Нека ви е слатко!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани