Едноставни посни колачиња кои се спремаат за многу брзо време, а се од редот на суви колачи со додаток на мармалад и ореви, па излегуваат мирисни и вкусни. Интересниот облик што го имаат ме наведе да им го дадам името мустачиња, бидејќи наликуваат на мустаќи. Се надевам дека ќе ви се допаднат!

Подготовка
1. Сувите состојки за тестото ги промешуваме, па ги замесуваме со маслото и виното кое сме ги ставиле во еден сад. Тестото го делиме на два дела.
2. Секое топче го расукуваме правоаголно, го мачкаме со мармалад, го посипуваме со гриз и со сечкани ореви со бадеми.
3. Од пошироката страна започнуваме да виткаме ролат од едната страна до половина, па од другата страна до половина. Гледаме двете свиткани ролатчиња да ни бидат идентични.
4. Со нож сечеме преку ролатите парчиња со дебелина од 1,5 см.
5. Ги редиме легнати во намрсена тава или обложена со хартија за печење. Можете да ги ставате и исправени односно исто така како што се кога ќе се пресечат. Јас печев и од двете форми.
6. Печете во загреана рерна на 250 степени додека да поруменат.
7. Кога ќе се испечат валкајте ги или посипете ги со шеќер во прав.

Забелешка
Од оваа доза излегуваат колачиња печени во еден плех од рерна. Ако сакате повеќе зголемете ја дозата.
Користев мармалад од моркови и праска и мармалад од сливи, вие користете мармалад по желба.
Оригиналната рецепта е само со ореви, ама го сакам вкусот и на бадемите па потфрлив и некое парченце бадем.
Количеството на гриз што ќе го ставите, зависи од количеството и влажноста на мармаладот со кој ќе премачкувате. Колку е поголемо и повлажно количеството на мармалад повеќе треба гриз да се стави. Инаку стандардно околу 3-4 прстофати гриз се става или пак нежен тенок слој на гриз, на секоја кора.
Можете да си додадете и цимет, ако го сакате неговиот вкус и мирис.
Може да се печат и на пониска температура.
Некако во последно време кога ќе месам нешто обавезно потфрлам и некој грам интегрално грахам брашно. Структурата и мирисот што го добива пецивото така ми е поубаво, а инаку во оригиналниот рецепт се со само бело брашно.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани