1. Компирите ги вариме, а потоа ги цедиме од водата и го додаваме сол и пипер и ги гмечиме. Во пирето го додаваме ситно исецканиот магдонос и исецканите шампињони и го промешуваме.
2. Од наведените состојки го месиме тесто и витка во најлон за да отстои 15тина минути.
3. Од тестото го правиме со сукалка тенок круг и со чаша ги вадиме мали кругчиња додека не се потроши тестото и филот.
4. Во средината на круговите го ставаме по една лажица од филот и убаво ги затвараме. Потоа ги притискаме краевите со вилушка.
5. Варениките се варат во врела вода додек не набабрат и ги промешуваме да не се залепат.

Така сварените вареники по желба може да се потпржат и се послужуваат топли со масло или со павлака или путер воколку не се пости.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани