Прекрасни колачи, снежно бели и совршени за празнична трпеза. Подеднакво се убави и со вода, а кој сака може водата да ја замени со млеко.
Нишестето се вари во зовриената вода со шеќер и се остава да се олади. Маргаринот се мати со 2 лажици шеќер во прав и се додава кон варениот крем од нишесте. На крај се додава кокосот и убаво се замесува смесата. Треба да биде погуста.
Целата смеса може да се стави во калап, па да се сече на штанглички или дирекно во силиконски калапи обложени со чоколада.

Чоколадата се топи со 8 лажици зејтин и се премачкуваат калапите (2-3 пати по потреба), па се полнат со смесата и се оставаат да се изладат. Подеднакво се убави и со бела и со црна чоколада.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови