Еве еден рецепт кој можеме брзо да го подготвиме, кога немаме време да губиме за нешто покомплицирано.
Во тенџере на оган се става сусамот на суво да се испржува, потоа се додава локумот и се меша додека локумот да се растопи и да се добие хомогена смеса. Се трга настрана и се промешува уште малку додека малку да подолади смесата за да може да се работи. Врз најлонска кеса што предходно сме ја наместиле на работната маса се развекува кора и на крајот од кората се ставаат ситно исечкани желе бонбони и се мота како ролат. Одкако ќе отстои ролатот 2 часа, може да се сече на парчиња и да се служи.
Многу вкусна слатка грицка за оние што обожаваат сусам!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови