Пред да почнам да објаснувам за овој сладок десерт, да ви кажам дека јас мерев со филџан за кафе, ќе имате во додатните слики да го видите.

Во тенџере на оган ставаме да вријат водата, медот и шеќерот.
Откако ќе вријат, се трга пената и продолжува да се вари уште 5 минути.
Се додава измиениот и истребен ориз па се остава да вари.
Повремено промешуваме.
Вариме на потивко да не го изгориме оризот, а кога веќе смесата се згуснува, пред крајот го додаваме сокот од лимонот и ренданата кора од лимон.
Додаваме и цимет.
Промешуваме и топло го собираме во помали чиничиња.
Се служи ладничко.
Ова е добар додаток во исхраната на луѓето кои постат.
На здравје.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови