Брокулата искинете ја на мали цветчина.
Кромидот и лукот ситно исецкајте ги, а морковот изрендајте го. Ставете ги малку да се запржат во тава со масло. Потоа додајте го оризот и измешајте. Додајте ја водата, брокулата, магдоносот и зачините по вкус. Оставете го да се вари додека оризот омекне и течноста испари.
Оризот послужете го топол со свежа салата по желба.
Еве уште еден мој предлог за посен ориз, можи ќе ви се допадне.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани