Најпрвин земаме два портокали убаво ги миеме и ги сечеме на кругови.
Две чаши вода со 200 гр шеќер ставаме да зоврие и да вари 10 минути потоа ги додаваме круговите од портокалот и оставаме да варат уште 15 минути. Ги тргаме настрана и ги вадиме круговите портокали во чинија да оладат. Остатокот, еден портокал го лупиме делиме на парчиња ги острануваме семките и го блендираме портокалот.

Јајцата ги делиме белките од жолчките. Белките ги матиме со 150 гр шеќер во цврст снег. Жолчките ги матиме со преостанатиот 150 гр шеќер и го додаваме маргаринот исецкан на парчиња но претходно отстојан на собна температура. Кога ке се соедини маргаринот ја додаваме павлаката и блендираниот портокал. Со лажица постепено го додаваме и снегот од белките, го соединуваме и го додаваме брашното промешано со пециво.

Тавче бр 26 го намрсуваме со малку масло и посипуваме со шеќер убаво да се распореди по дното, а вишокот го истураме. Ги редиме круговите портокали, па ја истураме смесата за тортата. Печеме на 180 околу 50 минути ја проверуваме со чепкалка.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови